
Таравари за случувањата во АА: Оставивме судот да одлучи, сигурни сме дека имаме мнозинство!
Арбен Таравари во интервју за „Глас на Америка“ проговори за поделбата во партијата Алијанса за Албанците.
Тој вели дека оставаат да одлучи судот.
„Оставивме судот да одлучи. Ние би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство“, вели Таравари.
Според Таравари, нормално е секогаш кога во партијата има фракции секој да се повикува на некои свои аргументи од кои што реално согледува дека има право.
Како што вели, сите факти и аргументи се на нивна страна, но сепак додава дека и другата страна би го кажала истото.