
Таравари за опожарениот билборд: Се надевам дека институциите на системот ќе ја завршат работата
Во изјава за медиумите кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари го коментираше опожарениот билборд во Скопје во близината на Зоолошката градина.
„Се надевам дека институциите на системот ќе ја завршат работата. Единствено што знам е дека јас никогаш не би направил такво нешто на мој противкандидат, да се надеваме дека не е ништо намерно и смислено“, изјави Таравари пред медиумите.
