
Таравари: Времето ќе покаже дали Алијанса за Албанците ќе ги постигне конечните цели
Лидерот на АА, Арбен Таравари денеска истакна дека времето ќе покаже дали Алијанса за Албанците ќе ги постигне конечните цели.
„Сега сме соочени со учество во Владата, имаме обврска и должност да подобриме некои работи во министерствата со кои ќе раководиме. Да направиме разликата и да споредиме како се водеа институциите и како ќе се водат отсега па натаму, и на крајот главната цел за влез во Влада беа уставните измени во РСМ. Дали ќе успееме, времето ќе покаже. Јас сум оптимист, но времето ќе покаже што и како АА би ги постигнала конечните цели“, вели Арбен Таравари.