Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари вели дека има формила за промена на Францускиот предлог, а размислува и за граѓански устав
Македонија

Таравари вели дека има формила за промена на Францускиот предлог, а размислува и за граѓански устав

29/02/2024

AA

Расправата за францускиот предлог не беше инклузивна, ниту пак транспарентна. Тоа го кажав уште во јуни 2022 година кога дојде тој предлог. Тогашната влада требаше во таа расправа да го вклучи и ВМРО, можеби ќе произлезеше подобар предлог, нешто ќе се корегираше. Ако беше така до сега можеби и ќе се изгласаа одредени уставни промени. Ние мора да најдеме формула со која ќе го надминеме овој проблем. Секогаш постои формула за да се изнајде решение за одредени проблеми, може нешто да се додаде, нешто да се тргне, рече Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција за поткастот на Плусинфо.мк.

„Нам можеби ни треба граѓански Устав и треба да размислиме за таа опција. Под граѓански устав подразбирам Македонија да биде дефинирана како држава на сите граѓани што живеат во неа“, рече Таравари.

Во поткастот на Плусинфо, Таравари зборува за понудите што ги добивал од ДУИ за да остане во владејачката коалиција, за неговиот „развод“ со Зијадин Села и за причините поради кои долго седеше на две столчиња пред да ѝ се придружи на здружената албанска опозиција.

Таравари најавува дека на 24 април ДУИ ќе го доживее првиот силен пораз, а на 8 мај ќе се случи историска промена и после 22 години на власт партијата на Али Ахмети ќе замине во опозиција.Претседателскиот кандидат Арбен Таравари во интервју за Слободен печат рече дека потребните потписи за кандидатурата ги собрал за релативно брз временски период, додавајќи дека меѓу потпишаните имало луѓе од сите етнички заедници.

Зборувајќи за условите на неговата партија за идно коалицирање во следната влада, Таравари рече дека примарен услов е внесувањето на Бугарите и другите етнички заедници во Уставот.

„Сега имаме три услови, од нив два се стари услови, едниот е бугарското малцинство и другите малцинства да се вметнат во Уставот, што е услов да бидеме дел од ЕУ, втор ни е формулацијата „20%“ и мислам дека сите албански партии се за тоа и трет е идниот претседател нека се избере од Собрание како што беше избран првиот претседател на Македонија, господинот Киро Глигоров. Ако се сеќавате Глигоров беше избран од Парламентот и ги имаше истите ингеренции како сегашниот претседател. Или да размислиме евентуално за повеќе ингеренции на претседателот, па да одиме на избори. Мислам дека претседателот во Македонија има слични ингеренции како што има претседателот во Грција, во Албанија, во Косово, во други држави кои се слични парламентарни демократии и таму се избира директно во Парламентот. Зошто ние би правеле трошок од пет, 10, 15 милиони евра за претседателски избори, кога можеме да го избереме заеднички во Собрание?“, посочи тој.

Таравари, сепак ретерираше и кажа дека ова барање повеќе треба да се гледа како прелдог отколку како услов.

„Но ова не е условување дека еве вака мора да биде, туку еве отвораме дебата во општеството. Македонските партии афективно реагираат, реагираат емоционално без да влезат во подлабока анализа на овој предлог. Ајде ова да го дискутираме во кампања, ако е добро зошто да не го примениме, ако е лошо ќе го отфрлиме“, рече Таравари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy