Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Со својата антиалбанска реторика ВМРО-ДПМНЕ по следните избори нема да може да најде албански партнер
Македонија

Таравари: Со својата антиалбанска реторика ВМРО-ДПМНЕ по следните избори нема да може да најде албански партнер

23/02/2023

AA

Со антиалбанската реторика, ВМРО-ДПМНЕ си наштетува себеси, бидејќи по следните избори нема да може да најде албански партнер за соработка, порача лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Таравари во гостување во емисијата „Аргумент“ на вториот канал на јавниот сервис рече дека со „антиалбанскиот вокабулар“, кој, според него, освен ВМРО-ДПМНЕ го користи и Левица, се создава една општа атмосфера дека Албанците се тие што ја кочат државата, дека сакаат да го сменат Уставот по секоја цена или дека се однесуваат како да се против Македонците.

Зборувајќи за обвинувањата кои ВМРО-ДПМНЕ ги упати кон партиите на Албанците, особено кон ДУИ и кон Алијансата за Албанците, Таравари вели дека оваа „руски контролирана партија“ има цел да го претстави во јавноста како радикален и корумпиран политичар.

– Имаат две цели со таа руска пропаганда – едната е да го претстават Таравари како радикален, како националист, шовинист, ултранационалист, а втората – дека сум корумпиран. Треба да знаат дека неколку пати сум кажал оти не сум човек што дозволува да биде уценуван и не можам да бидам корумпиран. Во моментот кога ќе ме уценуваат, нема да се занимавам со политика, одам во пензија, рече лидерот на Алијансата.

Во оваа насока, Таравари нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ја искористила неговата изјава дека ако уставните измени не бидат изгласани ќе дојде до радикализација за да го обвини дека сака дестабилизација и војна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy