
Таравари се спореди со Обама: Ако можеше во Америка тој да победи, можеме и ние во Македонија!
Актуелниот градоначалник на Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска ја објави својата кандидатура за претседател на претстојните избори.
Тој се спореди со 44-тиот претседател на САД, Барак Обама кој е првиот афроамерикански претседател на САД и првиот афроамериканец воопшто номиниран од големата политичка елита за улога на претседател.
„Во Америка се случи пред 15 години да еден човек кој што беше со црна боја на кожата, да победи избори па зошто да не може и во Македонија, после 30 години демократија да добиеме поддршка, пред се од Албанци но и од Роми, Бошњаци, Турци, Македонци… Јас искрено сум сигурен дека ќе добиеме гласови колку и што не очекуваме“, порача Таравари.
