
Таравари се кандидира за претседател на Македонија, а митинзите ги започнува со албанската химна
Кандидатот за претседател на Македонија од редовите на ВРЕДИ Арбен Таравари иако е во кампања за претседателски избори сепак митинзите ги започнува со химната на Албанија наместо на Македонија, а го нема ни македонското знаме.
Тој во својата програма јасно наведува дека ќе се заложи Северна Македонија да има систем на консезуална демократија, каде јасно ќе бидат истакнати слободата на изразување и владеењето на правото.
„Северна Македонија консензуална демократија – Како претседател на Републиката, ветувам дека ќе ја заштитам консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото во сите ситуации’’, преземено од политичката програма на кандидатот за претседател Арбен Таравари.
Погледнете го видеото.
