Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Прескапо ја плативме соработката со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2021, но не жалиме
Македонија

Таравари: Прескапо ја плативме соработката со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2021, но не жалиме

02/02/2023

AA

Го скршивме табуто дека ВМРО-ДПМНЕ, по 2016 година, може да соработува со некоја албанска партија. Во ноември или декември во 2020 година, „Конрад Аденауер“ нè седна заедно и во тој период побаравме од ВМРО-ДПМНЕ да се смени таа реторика и тој вординг за евентуална соработка на локалните избори во 2021 година, истакна Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Тие успеаја во тоа. Барем се обидуваа декларативно, дека жалат за тоа што се случило на 27 април, дека не им пречи 20 посто, дека соживотот е фундамент на оваа држава. И ние се договоривме да соработуваме за шест општини за локалните избори, но цената прескапо ја плативме. Дефинитивно“, рече Таравари.

Тој посочи оти во Гостивар не постоела анкета, а да не покажуваше победа на Алијанса за Албанците на локалните избори во 2021 година. ВМРО-ДПМНЕ да имало максимум 3.000 гласови во Гостивар. Никого не сакам да потценам како политички фактори, меѓутоа разликата во Гостивар беше 6.000 гласа. Алијанса за Албанците имаше 50 посто повеќе од ДУИ. И Данела немаше да победи и ВМРО-ДПМНЕ немаше да победи во повеќе општини во прв круг, ако немаше соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Меѓутоа, тоа се хипотетични состојби и не жалам за ништо што сум направил“, истакна првиот човек на Алијанса за Албанците.

Тоа што се случува сега со ВМРО-ДПМНЕ, вели Таравари, е поинакво ВМРО-ДПМНЕ од тоа со кое соработувала Алијанса за Албанците во 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 440 тони храна завршија на депонија: АХВ со голема

25/01/2026
Македонија

Атмосфера за паметење на Попова Шапка: Ноќно скијање, оган и

25/01/2026
Македонија

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355

25/01/2026
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 440 тони храна завршија на депонија: АХВ со голема „чистка“ – напишани казни од

25/01/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави фрапантни податоци за безбедноста на храната во земјава во текот на изминатата година.

Атмосфера за паметење на Попова Шапка: Ноќно скијање, оган и забава – младите бараат ваквите

25/01/2026

Викендов Попова Шапка понуди вистинска зимска идила и забава за посетителите. Додека најмладите уживаа во игрите на снегот, страсните скијачи

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355 тони храна и казни од

25/01/2026

Над 125 илјади инспекциски контроли биле спроведени минатата година во областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy