
Таравари: Кој е претседател на ВМРО-ДПМНЕ?
Во ВМРО-ДПМНЕ треба да ја расчистат дилемата кој е лидер на оваа партија, Христијан Мицковски или Александар Николовски, изјави претседателот на АА Арбен Таравари во емисијата Аргумент на МТВ2.
Таравари дури му постави и јавно прашање на Александар Николовски зошто во прислушкуваните разговори кои се објавија во 2015 година, само тој само неговото име не е спомнето нигде.
“Јавно ќе го прашав господинот Николовски зошто при прислушувањето што излезе во 2015 година имаше прислушкувани разговори за сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, освен за г. Николовски, има ли тука нешто што не го знаеме и треба да се разјасни“, рече Тараварари
Тој додаде дека доколку продолжи со оваа реторика, ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе се договори по парламентарните избори со која било албанска политичка партија.

