Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Инсулин ќе се набавува за две години за да се избегне недостаток
Македонија

Таравари: Инсулин ќе се набавува за две години за да се избегне недостаток

05/05/2025

AA

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Тетово изјави дека, за да се избегне недостигот на инсулин поради долгите процедури за неговата набавка, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабет одлучиле потребните количини инсулин да се набавуваат одеднаш за период од две години.

Целата административна процедура за набавката е завршена, што ќе овозможи да се елиминираат досегашните чести прекини во снабдувањето, кои понекогаш траеа и по неколку денови и создаваа проблеми за лицата за кои редовната употреба на инсулин е од суштинско значење за здравјето.

„Министерството за здравство и Националната комисија за дијабет одлучија набавката за инсулин да се прави секоја втора година. Ова мене ми се допаѓа, вака е многу порационално, да нема недостаток, секоја година се набавува, па додека се направи набавката некогаш има два-три дена да недостасува или пет дена или десет дена. Затоа сега ќе се набавува за две години. Процедурата за јавната набавка е завршена уште пред две-три недели, договорот е потпишан со стандардниот добавувач којшто е истиот скоро 10-15 години. Ваквото рационализирање при набавката на инсулин е подобро за сите граѓани, а посебно за тие коишто боледуваат од дијабет“, изјави Таравари кој денеска присуствуваше на тестирањето на приватните специјализанти на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово.

Од Сојузот на здруженија на лица со дијабетес соопштија дека доставиле барања до премиерот Христијан Мицкоски, до Таравари и до Националната комисија, за зголемување на бројот на корисници и набавка на инсулински пумпи со сензор за целосно менаџирање на дијабетес кај лицата со ДМ Тип 1 во Македонија.

„Долго време ние бараме лицата со тип 1 да бидат во поголем број покриени со т. н. вештачки панкреаси или инсулински пумпи заедно со сензори. Бидејќи сега веќе во Македонија ги има најдобрите затворени системи или автоматска испорака на инсулин заедно со сензор бараме бидејќи Владата и онака набавува сензори и пумпи да го зголеми бројот на лица со пумпи од 300 на повеќе, до 1.000 лица најмногу годинава. Според трошоците и сензорите да бидат од истиот тип, односно од тој затворен систем. Бараме заштита на сите деца и млади, бидејќи тоа ќе биде систем кој ја намалува можноста за 50 отсто за хоспитализации, 80 отсто ретинопатии, 40 отсто бубрежни инсуфициенции. Заштедуваме многу средства, во однос на тоа дека лицата со Тип 1 нема да имаат проблеми во секојдневниот живот, бидејќи самиот систем си работи. Они се што треба да прават е да го следат повремено и да ставаат навремено инсулин во инсулинската пумпа. Сѐ друго ќе биде на самиот систем, а тие многу нормално ќе живеат“, изјави Диме Велев, претседател на Сојузот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА

18/04/2026
Македонија

ТОПЛО И СОНЧЕВО, СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓа заладување, со обилен

18/04/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“

18/04/2026
Македонија

ЈАСНИ ПРАВИЛА ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО, УВОЗОТ, КОНТРОЛАТА И УПОТРЕБАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ

18/04/2026
Македонија

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана

18/04/2026
Македонија

ЏАБЕ СЕ „КРОКОДИЛСКИТЕ СОЛЗИ“, ЏАФЕРИ ГО ЗАПЕЧАТИ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ

18/04/2026
Македонија

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ

18/04/2026
Македонија

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до

18/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42628
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА „Маршот на ангелите“ за прв

18/04/2026

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 41-от „Марш на ангелите“, за прв пат

ТОПЛО И СОНЧЕВО, СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓа заладување, со обилен дожд и грмежи

18/04/2026

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува мала до умерена локална облачност.

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“ бараат правда наместо изговори

18/04/2026

Под мотото „Не бараме изговори, туку правда“, во Штип се одржа 41-виот по ред „Марш на ангелите“. Родителите и блиските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy