Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Би поддржале и малцинска Влада, но подготвени сме и да раководиме со одредени институции
Македонија

Таравари: Би поддржале и малцинска Влада, но подготвени сме и да раководиме со одредени институции

02/02/2023

AA

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравар, изјави во четвртокот вечерта дека за неколку дена ќе биде познато дали неговата партија ќе стане дел од Владата или не.

Оваа работа, тврди тој, не е завршена. Алијанса за Албанците би можела да поддржи и малцинска Влада, но според Таравари, партијата е подготвена и да преземе одредени одговорности и да раководи со институции.

„Мислам дека за неколку дена ние треба да одлучиме. Јас планирам идната недела да свикам Централно претседателство и да ја завршиме оваа работа“, рече Таравари за емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма.

Добиваме јасни пораки, вели тој, дека не е добро во 2023 година да се оди на предвремени избори, посочувајќи дека тие би поддржале и малцинска влада без да добијат министерско или директорско место и да бидат бекап на Владата, да обезбедат кворум во Собранието, а Владата да се обиде да направи 80 пратеници за уставни измени.

„И ова сме го понудиле и јавно го кажувам, меѓутоа подготвени сме да земеме и одредени одговорности и евентуално да раководиме одредени институции“, рече Таравари.

Претседателот на Алијансата тврди дека за кадровски прашања воопшто не е разговарано на средбите со премиерот Димитар Ковачевски. На последната средба, најголем дел од времето зборувале за програмското усогласување. Но, тој вели дека една од нивните цели е борбата против корупцијата и дека со раководење во одредени институции тие би го покажале тоа.

Со претседателот на Алтернатива, Таравари вели дека имаат релативно добра комуникација и дека се сретнале два пати и дека нивната намера не е некој да излезе од Владата, туку и Алијансата да даде свој придонес или од надвор или од внатре.

Таравари посочува дека периодот во кој се наоѓаме како држава е малку поинаков од оној што бил пред февруари во 2022 година. Инвазијата на Русија во Украина, според Таравари, сменила многу работи, а почетокот на процесот на скрининг на земјава, заедно со Албанија, нè доведува до ситуација во која не треба да се размислува само за рејтингот на партијата, туку и за доброто на обичниот граѓанин и на општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy