Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАНКЕРОТ АЛЕКСАНДРУПОЛИС ДОПЛОВИ ВО ГРЦИЈА: Во првиот квартал од 2024 година ќе почне да ги снабдува земјите со приоден гас
Економија

ТАНКЕРОТ АЛЕКСАНДРУПОЛИС ДОПЛОВИ ВО ГРЦИЈА: Во првиот квартал од 2024 година ќе почне да ги снабдува земјите со приоден гас

18/12/2023

AA

Специјално прилагодениот танкер „Александруполис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Алекскандруполи, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата „Гастрејд“, која е оператор на проектот соопштија дека пристигнувањето „во голема мера го означува финализирањето на изградбата на овој водечки национален и регионален проект“. 

– Во следните денови, пловната единица (FSRU) се очекува да биде закотвена преку распространет систем за прицврстување со 12 точки, потоа ќе биде поврзан со подморскиот и копнениот гасовод за пренос на гас под висок притисок, кој штом ќе профункционира ќе испорачува природен гас до грчкиот преносен систем и од таму до крајните потрошувачи во Грција, Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија и понатаму до Молдавија и Украина на исток и Унгарија и Словачка на запад. Терминалот, по финализирањето на сите активности за тестирање, се планира комерцијално да профункционира во првиот квартал од 2024 година и ќе има максимален одржлив капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од „Гастрејд“.

Претседателката на Управниот одбор на компанијата и основачки акционер Елмина Копелузу истакна дека „пристигнувањето на првиот танкер со специјална намена, ја означува реализацијата на пловната единица и го трасира патот кон отпочнување на проектот „ЛНГ Александруполи“.

Извршниот директор на „Гастрејд“ Костис Сифнеос посочи дека „терминалот ќе биде нова влезна точка за природен гас, зајакнувајќи ги регионалната соработка и безбедноста на снабдувањето“.

Танкерот, односно пловната единица што го доби името „Александруполис“, во чест на општината и граѓаните, пристигна вчера во грчкиот град, откако на 26 ноември отплови од Сингапур, каде што ја заврши речиси десет месечна пренамена во тамошното бродоградилиште.

Проектот е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации “ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.

Во мај минатата година во присуство на премиерите на Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG).

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy