
Тамара Тодевска со нова песна „Време за плачење“, посветена на трагично загинатите од Кочани!
Познатите музичари Тамара Тодевска и Роберт Билбилов имаат нова песна „Време за плачење“.
Се работи за нова, емотивна верзија со вокалната интерпретација на Тамара Тодевска, а зад аранжманот и музичката продукција стои Роберт Билбилов.
Оваа верзија е издадена под етикетата на продукциската куќа Cafe De Anatolia.
Изведбата е длабоко емотивна и посветена на нашите ангели кои трагично ги загубија животите на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани, претставувајќи силна музичка порака на тага, почит и сеќавање.
Песната носи искрена болка, но и благородна намера – да се оддаде почит преку музиката, таму каде што зборовите понекогаш не се доволни.
