Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023
Магазин

Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023

16/05/2023

AA

Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ја избра Тамара Грујеска за претставник на Република Северна Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг. Солистката Тамара Грујеска, поддржана од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставува земјава на Јуниорскиот Евросонг 2023 година, кој ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција.

Тамара е родена на 02.12.2010 во Гостивар. Своите први почетоци во светот на музиката ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кој ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари.

Првиот нејзин настап на интернационален натпревар е во 2021 година на „Езерски Бисери“ во Струга, каде што го освојува Првото место Лауреат I степен. Истата година учествува и на Интернационалниот Фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп каде што освојува највисока Гран при награда со нејзината песна „Музиката во мене има дом“. Истата година учествува и на интернационалниот Фестивал „Шкољкице“ во Нови Сад, Србија каде што повторно освојува Гран при награда.

Во 2022 година Тамара учествува и на најпрестижниот фестивал и натпревар во Владимир „Golden Stars Rain“ каде што во конкуренција од 150 натпреварувачи од повеќе земји ја освојува Гран при награда. Гран при награда освои и на меѓународниот фестивал Angel Voice во Белград Србија.

Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“-Гостивар во VII одделение и во Основното музичко училиште „Тодор Скаловски“-Тетово отсек „соло пеење“.

Љубовта и посветеноста на музиката ја надградува и со онлајн часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Cheryl Porter од САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy