
Taлевски: Многу сум среќен, ова е најава за голем Вардар!
По натпреварот Талевски секако беше пресреќен, но и порача дека овој натпревар може да биде најава за успех на Вардар и во иднина.
„Многу сум среќен за ова мое прв куп-финале и мој прв трофеј во професионалната кариера. Пресреќен сум секако и што постигнав два значајни погодоци за освојување на титулата. Вистинска чест ми е што сум дел од една ваква екипа. Ова е само најава за еден голем проект кој следи, ова е само најава за еден голем Вардар кој во иднина ќе носи уште многу радости“, изјави Талевски по финалето.
Со триумфот Вардар си обезбеди и место во европските квалификации на лето.