Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Талевски – МАР: Со инвестиции во одржлив развој рударска индустрија ќе го добие местото што го заслужува
Економија

Талевски – МАР: Со инвестиции во одржлив развој рударска индустрија ќе го добие местото што го заслужува

03/03/2023

AA

Актуелните кризи со кои се
соочува македонската економија не го заобиколија рударскиот сектор, но тој уште
еднаш покажа дека е витална стопанска гранка која може да се
соочи и со најтешките предизвици и притоа да продолжи со инвестициите и
развојот, да испорачува сигурност, стабилност и поддршка за луѓето, за
локалните заедници и за економијата на земјата. Ова го истакна претседателот на Македонската асоцијација на рударството (МАР), Ивица
Талевски.

Талевски потсетува дека
во рударството се опфатени 8.000 работнци и е една од ретките
домашни индустриски гранки која бележи суфицит во трговската размена со
странство, која годишно надминува 200 милиони долари, од кои над 75 отсто отпаѓа на
извоз на метални руди. 

Придонесот
на рударството во вкупните директни инвестиции во земјата исто така е значаен. На
пример, во 2020 година, дури 30,7 отсто од вкупните директни инвестиции кои
пристигнале во земјата биле во рударството. Дополнително, во годините пред пандемијата и
економската криза, учеството на рударството во вкупното индустриско
производство надминало 11 проценти. Ова се јасни показатели за значењето и придонесот
на овој сектор за развојот на македонската економија.

Претседателот на МАР потесети дека поради високите цени на енергијата врз индустријата минатата година предизвикаа привремено запирање на работните процеси
во некои домашни рудници, а тоа значеше и пад на вкупнот обем на
индустриско производство и извозот. Некои од предвидувањата
укажуваат дека и во текот на оваа година цената на електричната енергија на
отворениот пазар ќе остане висока.

„Доколку ваквите неповолни предвидувања
се остварат, тогаш нашата држава треба сериозно да размисли како да им помогне
на домашните индустриски капацитети, вклучувајќи го и рударството, за да можат
да го одржат своето производство и својата конкурентност на странските пазари
каде што извезуваат. Ова е особено значајно и заради фактот што странските
компании од оваа индустрија веќе добиваат од своите држави значителна поддршка,
најчесто во форма на субвенционирана цена за електричната енергија, што ги
намалува нивните оперативни трошоци и им овозможува да пренасочат повеќе
финансиски средства во капитални инвестиции за натамошна модернизација на
своите рудници и во одржлив развој“, вели Талевски.

Во однос на цените на
металите, Талевски ги посочува проценките на меѓународните финансиски
институции кои укажуваат на фактот дека најголемите светски индустриски земји во
следниот период може да ја забават економската активност, па дури и да се соочат
со рецесија. Тоа ќе има негативно влијае на побарувачката и на цената на
металите на светските берзи, а тоа пак ќе се одрази на нивото на приходи и развојниот
потенцијал на домашните рударски компании.

Претседателот
на МАР го нагласува и значењето на градењето поголема доверба кон рударската
индустрија. Посочувајќи го примерот на  развиените држави каде од поодамна
е постигнат консензус дека концептот за одржлив развој, кој подеднакво води
сметка за економската, социјалната и димензијата на животната средина, успешно може
да се применува и во рударската индустрија, Талевски смета дека истото може се
постигне и во нашата земја, доколку се исполнат неколку предуслови.

„Прво, треба да се дефинира
долгорочната стратегија за развој на македонското рударство која треба да
одговори на прашањето – какви се реалните потенцијали за развој на оваа гранка
и на каков начин тие потенцијали може да се активираат. Второ, неопходно е да
се воспостави ефикасен систем со кој ќе се осигура дека сите деловни субјекти
во оваа индустрија, од најмали до најголеми, доследно и одговорно ги почитуваат
стандардите и прописите во сите области кои имаат значење за одржливиот развој
на рударството и трето, да се работи на градењето доверба и ефективна соработка
со сите засегнати страни од кои зависи успехот на рударството. Само на ваков
начин, со посветена работа и исполнување на овие три основни задачи, домашната
рударска индустрија ќе го добие место во општеството што ѝ припаѓа, што несомнено го заслужува како
индустрија која има значаен придонес за економскиот развој на земјата, која
инвестира во нови технологии, вработува и обезбедува егзистенција за луѓето во
цели региони од земјата и која вложува во просперитетот на заедницата“, дециден
е претседателот на МАР.

Како добар пример за одговорна рударска компанија која ја има поставено
одржливоста во фокусот на целокупна своја развојна стратегија, Талевски го
посочува  рудникот САСА кој во изминатите пет години инвестираше над 30 милиони
долари во целокупна моернизација, како и дополнителни 25 милиони долари во
новата капитална инвестициска програма, чија реализација е во тек и која треба
да овозможи стабилно производство на САСА во наредните години, сигурност на
работните места и нови можности за вработувања на младите, зголемена безбедност
и заштита на животната средина, како и дополнителни придобивки за локалната заедница и економскиот развој
на земјата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy