
Талентите на Србија поведоа, па примија девет парчиња од Англија! (ВИДЕО)
Англичаните се актуелни европски прваци во оваа категорија, но сепак никој не очекуваше ваков дебал на Србија која е чест учесник на континенталните шампионати. Да биде разочарувањето за Србите поголемо, можеа да примат уште некој гол, а медиумите кај нашиот северен сосед се едногласни дека голманот Вељко Илиќ беше најдобар поединец на мечот.
Интересно е тоа што Србија прва поведе, преку Лучиќ во 27. минута. До крајот на полувремето Англија направи пресврт и преку Бидас, Делап и Елиот дојде до предност од 3-1. До 63. минута беше 6-1 со двата гола на Мадуеке и еден на Бидас, а во последните минути од натпреварот, на контото на Англичаните влегоа уште три гола, Суботиќ си ја затресе мрежата, а по него тоа го направија Роу и Елиот.
За Англија ова е втора победа во циклусот откако во првото коло го победи Луксембург со „само“ 3-0. Србија има три бода бидејќи на стартот беше подобра од Азербејџан со 2-0.
