
Талентирано 7-годишно дете почина по натпревар: Се судрил за време на трка
Талентираниот седумгодишен Сид Вејер загина по несреќа на трка со миницикл.
Младиот Холанѓанец беше голема надеж, но за време на трката падна и се здоби со тешки повреди. Несреќата се случила на 22 декември 2024 година, а лекарите неколку пати го оперирале.
За жал, неговото срце престана да чука во 2025 година, а холандскиот мото свет беше обвиен во црно.
Во октомври, Вејер стана шампион на Холандија во класата Минибајк Јуниор. Вејер е внук на холандскиот возач на Мото2, Колин Вејер.
