
„ТАА БЕШЕ НАЈУБАВОТО ДЕТЕ, ПОЧИНА НА 16 ГОДИНИ“: Два пати пробале да ја реанимираат, раскажа мајката на тинејџерката што почина на Халкидики
Градот Даутбал
кај Солун го зафати тага по ненадејната смрт на 16-годишното девојче, кое
почина во раните утрински часови во средата на Халкидики, откако претрпе
алергиски шок.
Според мајката на
несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Во
вторникот вечерта излегле на забава, а потоа отишле да јадат во локалниот
ресторан за брза храна во раните утрински часови во средата.
“Ќерка ми
јадеше хот-дог, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна
кога јадела надвор. Не знам точно што се случило, и дали има нешто млечно во
тоа што јадела”, вели мајката и додава дека девојчето колабирало веднаш
штом го изела хот-догот.
Една од нејзините
пријателки веднаш дотрчала во собата каде што престојувале да и донесат лекови,
а во исто време повикале брза помош.
Меѓутоа, според
мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.
„Од првите докази
изгледа дека моето девојче доживеа алергиски шок и почина. Таа беше
најубавото дете и почина на 16 години без помош. Два пати се обидоа да ја
вратат во здравствениот дом,
но не успеаја“, рече мајката.
Неутешената жена додала дека не знае зошто ѝ требало толку
време на итната помош да пристигнат на местото на настанот.
Беше пет часот наутро, немаше метеж“, истакна таа.
„Прототема“ пишува дека 16-годишната девојка во изминатите
неколку години примала лекови затоа што страдала од епилептични напади.
Инаку, таа прашала
дали храната содржи состојки кои и биле забранети, бидејќи е алергична,
пренесува Прототема, а откако во ресторанот и дале негативен одговор, девојката
го конзумирала оброкот и веднаш доживеала
алергиски шок.
Се чекаат
резултатите од обдукцијата.