Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тајани: Балканот не може повеќе да чека, покренуваме иницијатива за Коридорот 8 преку Северна Македонија
Македонија

Тајани: Балканот не може повеќе да чека, покренуваме иницијатива за Коридорот 8 преку Северна Македонија

11/04/2023

AA

Потпретседателoт на Владата и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани, во денешниот авторски текст „Балканот не може повеќе да чека“ за белградски „Блиц“, говорејќи за рестартирање на италијанските активности во регионот меѓу кои е и министерскиот состанок во Рим на 3 април со шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и Шведска, која претседава со Советот на ЕУ, и со комесарот за проширување и соседска политика, посочи конкретна мерка во процесот на европската интеграција на регионот што се однесува на Северна Македонија.

-Тргнувајќи од веќе одличните податоци за трговската размена, кои достигнаа вредност од околу 17 милијарди евра во 2022 година, ќе спроведеме иницијативи насочени кон зголемување на присуството на нашите компании на Балканот. Оваа цел ќе ја постигнеме со користење на можностите што ги дава развојот на европските инфраструктури, така што, на пример, во наредните месеци ќе организираме иницијатива посветена на таканаречениот Коридор 8, патен и железнички јазол што ја поврзува Италија со Албанија, Северна Македонија и Бугарија, стратешка оска што ги спојува Јадранот и Црното море, вели Тајани во текстот за „Блиц“.

Тој посочи дека „внимателно ја слушнаат силната побарувачка за Европа и Италија од овие земји, нивната аспирација да бидат дел од европскиот проект и потребата од заедничка работа на интеграција во механизмите и институционалниот живот на ЕУ од почетните фази на преговарачкиот процес, особено во клучните сектори како енергетиката и дигиталната транзиција, инфраструктурата, образованието и истражувањето“.

-Некои од моите колеги рекоа: сакаме да помогнеме во поставувањето на фазите на ова патување, а не само да ги следиме. Го поддржувам овој пристап, кој мора да ги вклучи сите шест земји во креирањето на следните фази од процесот на интеграција, посочи Тајани.

Она што го бараат земјите од Западен Балкан не е попуст на реформите што треба да ги усвојат за да влезат во ЕУ. Тие бараат сигурност на процесот, на роковите и пред се на конечниот резултат.

– Навистина можев да ја почувствувам нивната фрустрација од процесот на интеграција, кој во последните години станува се понестабилен, благодарение на честото бирократско толкување на динамиката на преговорите од страна на ЕУ. На овој начин се заборава извонредната трансформативна вредност што ја има процесот на интеграција за институциите и граѓанското општество на овие земји. Европскиот сон ризикува за сите нив да стане илузија, истакнува шефот на италијанската дипломатија.

Средбата во Рим послужи веднаш да се дадат конкретни одговори, вели Тајани. Идентификувани се неколку линии на иницијативи на кои ќе се работи во наредните месеци преку мрежи на експерти кои ќе развијат предлог проекти во сектори од заеднички интерес, од заштита и зачувување на културното наследство како одговор на актуелните предизвици, почнувајќи од климатските промени и технолошките иновации, до земјоделството и агроиндустрија.

-Јас сум оптимист за резултатите што може да се постигнат, бидејќи ја видовме подготвеноста на сите да работиме заедно, да изградиме синергија што може да му обезбеди на регионот иднина, мир и просперитет, работејќи на рушење на бариерите што го ограничуваат слободното движење на луѓето, стоки, услуги и капитал, со цел да се постигне заеднички регионален пазар како прв чекор кон интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Имаме заеднички предизвици со Балканот, кои бараат заеднички одговори: енергетска транзиција, поддршка за раст и вработување, борба против нерегуларната миграција, истакна Тајани.

Италија има намера да развие повеќедимензионална акција кон балканскиот регион. На политичко ниво ќе продолжи да ги зајакнува билатералните односи со секоја земја од Западен Балкан, додека во Брисел ќе биде гласноговорник на нивните барања и нивната силна желба за влез во ЕУ. Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста на регионот преку одржување на присуството на нашите вооружени сили, посочи Тајани наведувајќи ја како пример иницијативата посветена на Коридор 8, патен и железнички јазол што ја поврзува Италија со Албанија, Северна Македонија и Бугарија.

-На силната тенденција кон Европа и Италија кои доаѓаат од Западен Балкан мора да се одговори без одлагање. Поради оваа причина, решивме да го продолжиме дијалогот започнат во Рим со нова средба што ќе се одржи до крајот на годината, со цел да се утврди како напредува нашата соработка. Италија сака да игра водечка улога и е подготвена да се вклучи во играта, бидејќи во прашање е иднината на нашата земја и Европа. Балканот не може повеќе да чека, го завршува авторскиот текст шефот на италијанската дипломатијат посветен на земјите од Западен Балкан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42418
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy