Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВР Битола со засилена борба против трговијата со дрога: 324 приведени во 2025 година
Македонија

СВР Битола со засилена борба против трговијата со дрога: 324 приведени во 2025 година

11/02/2026

AA

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци.

Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени 94 кривични дела против 102 сторители.

Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности, постојаното присуство на полициски службеници од СВР Битола на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за поголема ефикасност во расветлувањето на овој вид на извршени кривични дела, со тенденција откривачката дејност да се зголеми во периодот што следува.

На подрачјето на СВР Битола во текот на 2025 година извршени се вкупно 86 претреси на домови, од кои на подрачјето на Битола извршен е 51 претрес, на подрачјето на Прилеп извршен е 31 претрес на домови, на подрачјето на Демир Хисар извршени се два претреси, на подрачјето на Ресен извршен е еден претрес на дом и на подрачјето на Крушево, исто така, еден претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, кокаин, амфетамин различни таблети.

Како најчести жртви од употребата на дрога и психотропни супстанции се јавуваат млади лица, односно средношколци, кои најчесто употребуваат марихуана, а констатирано е дека се продава и консумира и кокаин, амфетамин и екстази.
Извршителите на овие кривични дела најчесто се корисници и дилери и кај нив при личен преглед се пронаоѓаат помали пакувања на дрога, како би можеле полесно да ги сокријат и да ги прикажат дека се за лична употреба, а не за препродавање.

Најчесто, продажбата на наркотици се врши преку претходно договарање по телефон или со користење на разни апликации на интернет, а доставата се врши на тој начин што дилерот му ја остава дрогата на корисникот на определено договорнео место,  а парите се врачуваат подоцна.

СВР Битола продолжува со преземање на интензивни мерки и активности за разбивање на таквите криминални групи и за поднесување на соодветни пријави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy