Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“
Економија

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

07/12/2024

AA

По иницијатива на
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а со поддршка на
Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во 2025 година во нашата
земја ќе се одржи 14-от Mеѓународен форум за енергија за одржлив развој.

Иницијативата потекна од
Министерката за енергетика, г-ѓа Сања Божиновска, која се обрати до UNECE
(Економската комисија на Обединетите нации за Европа). Ова е огромна чест, но и
одговорност за земјата и особено за Минстерството за енергетика, кое преку организација
на ваков значаен форум земјата ќе се позиционира како регионален лидер во
зелената транзиција, покажувајќи ја својата посветеност на меѓународна
соработка и одржлив енергетски развој.

Одлуката беше донесена по
завршувањето на 13-от форум којшто се одржа на почетокот на декември, во
Бангкок, Тајланд, во организација на пет регионални комисии на Обединетите
нации (ECA, ECE, ECLAC, ESCAP и ESCWA). Овогодинешната тема беше „Праведна
енергетска транзиција“.

На Форумот ќе земат учество
експерти од енергетскиот сектор, владини претставници, ентитети на ОН,
меѓународни организации, бизнис заедницата и други засегнати страни кои ќе
разговараат за главните прашања, презентирајќи активности за правична
енергетска транзиција.

Енергетската транзиција, во
контекст на Агендата 2030 за одржлив развој, е клучната трансформација потребна
за постигнување на многу од Целите за одржлив развој. Имајќи предвид дека
енергетскиот сектор е одговорен за повеќе од две третини од емисиите на стакленички
гасови, одржливата енергетска транзиција е од клучно значење за постигнување на
Парискиот договор. Потребни се заеднички напори од сите нивоа на засегнати
страни за да се забрза енергетската транзиција за да се овозможи постигнување
на целите поврзани со ова прашање. Како основа за следниот форум ќе се користат
и препораките на Конференцијата за климатски промени COP29 која се одржа во
Баку. 

Mинистерството за
енергетика, рударство и минерални суровини ќе го организира настанот со УНДП, а
во координација со соодветните регионални агенции на Обединетите нации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy