Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година
Македонија

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

15/04/2025

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е избран за Млад глобален лидер (Young Global Leader – YGL) на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF) за 2025 година. Ова престижно признание се доделува на исклучителни личности под 40 години кои демонстрирале извонредни лидерски способности и силна посветеност кон подобрување на состојбите во светот.

Форумот на млади глобални лидери претставува заедница посветена на обликување одговорни лидери кои активно придонесуваат за подобрување на глобалните околности. Секоја година, Светскиот економски форум, преку селекциски процес кој вклучува одлука на специјализирана комисија и консултации со бројни експерти, избира група од приближно 100 лидери под 40 години од целиот свет (од кои 10 се од Европа) кои го добиваат ова признание.

Самиот процес на избор вклучува строга селекција што ги зема предвид личните и професионалните достигнувања на кандидатите, како и нивната етичка посветеност и интегритет во работењето.

Изборот на министерот Муцунски во оваа престижна заедница претставува признание за неговите напори и постигнувања во областа на дипломатијата и меѓународните односи. Како министер за надворешни работи и надворешна трговија, тој игра значајна улога во промоцијата на европските вредности, регионалната соработка, човековите права и доброто владеење.

„Ми претставува особена чест што сум избран за еден од Младите глобални лидери за 2025 година од страна на Светскиот економски форум.

Да се биде препознаен како дел од успешна група лидери под 40 години – кои доаѓаат од политиката, економијата, академската заедница и граѓанското општество од целиот свет – претставува исклучителна привилегија, но и голема одговорност. Во време на глобални предизвици и динамични трансформации, лидерството мора да се темели на визија, интегритет, емпатија и посветеност кон долгорочни и одржливи решенија. Особено се радувам што ќе станам дел од оваа извонредна заедница на креатори на промени – заедно да учиме и да создаваме, со цел да изградиме поправеден и поотпорен свет“, истакна министерот Муцунски во својата видео-објава на социјалните мрежи.

Алумни-членови на оваа престижна група вклучуваат истакнати личности како што се Марк Закерберг – основач и извршен директор на Facebook, Емануел Макрон – претседател на Франција, Питер Тил – коосновач на PayPal и водечки инвеститор, Нико Розберг – поранешен шампион во Формула 1, Александар Стуб – претседател на Финска и Александар Де Кроо – поранешен премиер на Белгија.

Ова признание ја става нашата земја на мапата на глобалното лидерство и ја нагласува посветеноста на државата на развој, иновации и меѓународна соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор

27/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

27/10/2026
Македонија

79-ГОДИШНА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КУЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Најверојатно

27/10/2026
Македонија

ЗА ПРВ ПАТ ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГ НА ДЕТЕ СО

27/10/2026
Македонија

СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО СО ОЧИЛА И СО ЧАСОВНИК ПОДМИТИЛ

27/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување

26/10/2026
Македонија

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите

26/10/2026
Македонија

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46389
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор со нејзината законска старателка

27/10/2026

Видливи повреди кај ученичка во основно училиште во Велес биле забележани од стручната служба, по што случајот бил пријавен во

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ Штипјанец уапсен по пријава за

27/10/2026

Педесет и шестгодишен штипјанец е уапсен под сомнение дека прво физички го нападнал својот 79-годишен татко, а потоа со автомобил

79-ГОДИШНА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КУЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Најверојатно убиена, има траги на насилство

27/10/2026

Во СВР Скопје денеска околу 9.15 часот М.А. пријавила дека во куќа на улица Ѓурчин Кокале во скопската населба Ѓорче

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy