Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВЕТСКИ УСПЕШНА КОМПАНИЈА ГО ПРОДАДЕ БИЗНИСОТ ЗА САМО 1 ЕВРО: Ќе има големи загуби до околу 300.000 евра
Економија

СВЕТСКИ УСПЕШНА КОМПАНИЈА ГО ПРОДАДЕ БИЗНИСОТ ЗА САМО 1 ЕВРО: Ќе има големи загуби до околу 300.000 евра

25/08/2023

AA

Холандскиот производител на пиво Heineken го заврши своето
излегување од Русија со продавање на своите операции на руската групација
Arnest за симболично едно евро, соопшти денеска компанијата.

Вториот по големина светски производител на пиво објави дека
ги добил сите потребни дозволи за договорот и дека најверојатно ќе остане со
екстремно високи загуби од 300 милиони евра.

„Излегувањето од Русија траеше подолго од очекуваното“

Хајнекен ја објави својата намера да излезе од Русија по
руската инвазија на Украина во март 2022 година, а сега признава дека целиот
процес траел подолго од очекуваното.

„Неодамнешните случувања ги покажуваат значајните предизвици
со кои се соочуваат големите производствени компании кога ја напуштаат Русија“,
рече извршниот директор Долф ван ден Бринк во изјавата.

Седум пиварници во Русија, 1.800 вработени

Хајнекен имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија,
на кои им беше гарантирано вработување во следните три години. Холандската
пиварница минатата година го отстрани својот бренд Хајнекен од Русија, а
производството на Амстел треба да биде прекинато во рок од шест месеци.

Хајнекен објави дека договорот, без опција за откупување на
бизнисот, вклучува тригодишна лиценца за некои помали регионални брендови, кои
Хајнекен нема да ги поддржи или да генерира никаков приход.

Групацијата Арнест поседува голема компанија за пакување
лименки и е најголемиот руски производител на аеросоли, како и продажба на
козметика и производи за домаќинството. Хајнекен рече дека трансакцијата ќе има
само занемарливо влијание врз проценките за целата година.

фото: EPA-EFE/Eusebio Calatayud

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy