Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светот се разбуди во нов царински шок: За Кина од денес стапка од 104 отсто
Економија

Светот се разбуди во нов царински шок: За Кина од денес стапка од 104 отсто

09/04/2025

AA

Новите царини што САД ги воведуваат на земјите ширум светот, вклучително и 104 отсто за Кина, стапија на сила денеска.

Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.

Според планот на претседателот Доналд Трамп, тарифата за кинескиот увоз првично беше поставена на 34 отсто, а со постојната царина од 20 отсто,  ја донесе вкупната стапка на 54 отсто.

Откако кинеските власти најавија реципрочни мерки, Белата куќа објави дека САД ќе ја зголемат вкупната царина за кинески увоз за уште 50 проценти – со што вкупниот износ ќе достигне 104 проценти.

Првата фаза од царините на Трамп – основна стапка од 10 проценти на увозот од речиси сите трговски партнери на САД – стапи на сила во саботата рано наутро.

Трамп повтори дека Соединетите Држави биле „откорнати“ од странски царини во минатото, велејќи дека става крај на тоа.

Американскиот претседател најави претстојно воведување високи царини за увоз на фармацевтски производи во Соединетите Американски Држави и изјави дека овој потег ќе го врати производството на лекови во САД, објави порталот Политико.

Тарифите за увоз на лекови во САД не беа вклучени во првата рунда царини што Трамп ги наметна на земјите ширум светот. Производството на лекови во САД драстично се намали во последниве децении, при што најголем дел од производството на фармацевтски состојки се пресели во Кина и други земји, според Управата за храна и лекови на САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy