
СВЕТОТ ЌЕ ТРПИ ПОСЛЕДИЦИ: Иран сака да го блокира Хормускиот Теснец
Иран се закани дека светот може да има големи економски последици.
Државата разгледува можност за блокирање на Хормускиот Теснец, стратешки важен поморски премин низ кој поминува околу 20 отсто од дневната светска потрошувачка на нафта, откако Израел изврши воздушни напади врз неколку ирански нуклеарни локации. Тензиите меѓу двете држави кулминираа по наводното ракетирање на болницата „Сорока“ во Беершеба, при што Израел вети „жесток одговор“.
Членот на иранскиот парламент Бехнам Саиди изјави дека „сите опции се на маса“, вклучително и затворање на Хормускиот Теснец, кој ги поврзува Персискиот Залив и Арапското Море. Тој потсети дека ова не е првпат Техеран да се закани со блокада, но дека сега постои „реална можност“ за нејзино остварување.
Хормускиот Теснец е тесен само 33 километри и низ него дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта, главно од земјите-членки на ОПЕК, како Саудиска Арабија, Кувајт, Ирак и ОАЕ. Катар, како водечки извозник на течен природен гас (LNG), го користи истиот пат за испорака на гас.
Три земји можат да го стабилизираат нафтениот пазар, откако има воени дејствија меѓу Израел и Иран.