
Светот ќе гледа кон Скопје, Руте утре во Скопје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој доаѓа во својата прва официјална посета на земјава откако застана на чело на Алијансата. Според најавите, тој ќе оствари средби со државниот врв и ќе присуствува на армиска вежба.
Работната агенда на генералниот секретар ќе започне во Кабинетот на претседателката, каде што ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести.
Освен средбата со шефицата на државата, првиот човек на НАТО ќе има интензивна агенда и со останатите претставници на власта.
Ова е прво доаѓање на Марк Руте во Скопје во својство на генерален секретар на Северноатлантската алијанса.
