Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светлосна покана за големото отворање на Дајмонд мол!
Македонија

Светлосна покана за големото отворање на Дајмонд мол!

20/10/2023

AA

Скопјани вчеравечер (четврток) беа сведоци на интересна и невообичаена глетка – на 4 места низ градот на небото светнаа 4 снопа светлина. Доколку ги забележавте и вие, сигурно се запрашавте за што се работи.

Светлосните зраци на дијамантот што беа формирани на небото и официјално го најавија големото отворање на новиот шопинг мол, Дајмонд мол, кој денеска се отвора во вистинското срце на градот. Официјалното отворање ќе биде одбележано со тридневна забава за сите генерации, која започнува денеска и ќе заврши в недела навечер.

Дајмонд мол е новиот шопинг мол, кој прави спој на новите незаборавни шопинг искуства, на гастрономското уживање и неверојатната забава што ќе ги очекува сите посетители на молот од 20 октомври. Модерен амбиент со продавници со најпознатите и актуелни домашни и светски брендови, улица со различни и неодоливи ресторани наречена „Гурмет авенија“, како и 7 000 квадратни метри едукативен центар за забава за деца и млади „Dream Zone“ во кој наскоро ќе може да уживаат посетителите.

Градот добива ново срце, од каде што ќе пулсираат многу активности во кои ќе може да се пронајдат секојдневно сите идни посетители на молот. Големото отворање трае три дена и започнува на 20 октомври (петок) од 21:00 часот со концерт на Џијан Емин и неговиот „Magical Orchestra“, вокално придружувани од „Voices of Skopje“, кои ќе изведуваат „Diamond hits“, а истовремено, за првпат кај нас, на небото над Дајмонд мол ќе има неверојатно дрон-шоу. По завршувањето на концертот, до полноќ, посетителите ќе ги забавува диџеј Flooder со екстравагантен диџеј-сет.

Вториот ден од отворањето, 21 октомври (сабота), започну

ва точно напладне со забава за тинејџерите со настап на тинејџ-атракцијата „Teen Camp“, а вечерта, до полноќ, посетителите на молот ќе може да уживаат во неколкучасовен магичен диџеј-сет на познатите диџеј Tom Novy, Mr. Mike и нашиот диџеј Никифор.

Третиот ден од големото отворање, 22 октомври (недела), започнува повторно напладне, со забава за најмалите, кои ќе се дружат со своите омилени цртани ликови Биби и Боби. Свеченото отворање завршува в недела навечер, во 21 часот, кога свој несекојдневен концерт ќе одржи нашата поп-дива Каролина.

Покрај оваа богата понуда, од Дајмонд мол најавуваат уште многу други изненадувања што ќе ги очекуваат посетителите на молот овие три дена.

Затоа подгответе се и не пропуштајте ги овие три незаборавни дена полни со нови шопинг-искуства, уникатни гастрономски уживања и луда забава во вистинското срце на градот – Дајмонд мол!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy