Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштво од Кисела Вода: „Тројца спасија, но еден работник го извадија дури по час и половина“
Македонија

Сведоштво од Кисела Вода: „Тројца спасија, но еден работник го извадија дури по час и половина“

24/04/2026

AA

Додека спасувачките служби се обидуваа да ги извлечат работниците затрупани под наносите на земја на улицата „Козјак“, соседите и случајните минувачи со неверување го следеа текот на драмата што заврши со еден загубен живот.

Една од жителките во непосредна близина на градилиштето, во потресна изјава за медиумите, низ солзи раскажа за моментите на неизвесност. За неа, оваа несреќа е лична трагедија која ги отворила старите рани.

„Рекоа дека четворица биле затрупани. Тројца успеаја да спасат, а за еден беше кажано дека е изваден по долго време, сигурно по час и половина. Многу ми е тешко да зборувам за ова бидејќи и мојот татко загина на сличен начин – само што тој бил сам и немало кој да му помогне“, вели сосетката.

Освен болката, кај локалното население се јавува и револт поради начинот на кој се изведуваат градежните зафати во оваа населба.

Веднаш по веста за несреќата, на терен пристигна силно полициско присуство, како и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, која ја следеше акцијата на противпожарните и медицинските екипи.

Официјален биланс од МВР: Од полицијата потврдија дека во несреќата на ул. „Козјак“:

Трагедијата во Кисела Вода повторно го отвора прашањето за безбедносните стандарди на македонските градилишта и одговорноста на изведувачите при изведување на ризични ископи во густо населени урбани средини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy