Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштва: Во модуларната болница во Тетово што изгоре имало противпожарен апарат
Магазин

Сведоштва: Во модуларната болница во Тетово што изгоре имало противпожарен апарат

21/03/2023

AA

Со сослушување нови сведоци предложени од Обвинителството и од одбраната на обвинетите, денеска продожи судскиот процес за пожарот во тетовската модуларна болница.

Сослушани беа универзитетските професори Влатко Стоилков и Владимир Димчев од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Тие во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење во писмена форма за тоа дали модуларните болница биле изградени според проектната задача согласно барањата на договорниот орган.

 

Обвинителот побара професорот Стоилков да објасни каква инсталација за електрична енергија имала модуларната болница во внатрешноста.

-По однос на внатрешната инсталација за жал не можевме да извршиме увид во самата болница бидејќи, како што знаете таа беше целосно опожарена. Затоа направивме увид во две други модуларни болница од ист тип во Гостивари и Кавадарци. Извршивме проверка дали вградената опрема квалитативно и квалитативно одговора на проектната задача. Утврдивме дека модуларните болници се изведени согласно проектната задача на Светска банка, обврска на договорниот орган, истакна професорот Стоилков.

Еден од адвокатите на одбраната го праша сведокот дали при изготвување на наодот извршиле увид на самото место во Тетово, на што професорот одговори потврдно.

За професорот Владимир Димчев немаше други прашања, а тој рече дека останува на ставовите дадени во писмениот вешт наод и мислење.

Сведочеа и медицинските сестри Даниела Симјановска и Фљутурије Ислами. На прашањето од адвокатите дали имало противпожарен апарат во модуларната болница Симјановска рече дека имало во работната соба. Медицинската сестра Ислами на истото прашање рече дека мисли дека имало таков апарат.

Во текот на судењето судијата Јордан Велковски ги предупреди еден од обвинетите, Артан Етеми и еден од роднините на починатите во пожарот за мир во судницата, кој беше нарушен поради нивен меѓусебен вербален конфликт.

Обвинителите и дел од адвокатите поради дуплирање на дел од сведоците ги повлекоа листите со луѓе кои треба да се повикаат да сведочат. Наредното рочиште е закажано за 6 април.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година, откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

Мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски
Неколку десетици граѓани денеска повторно се собраа пред зградата на Основен суд Тетово за да дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Докторот е обвинет за кривично дело „непостапување по здравствени прописи“ или затоа што им одобрувал на роднини на болните да бидат со нив во болничките соби додека им трае хоспитализацијата.

Мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски

Неколку десетици граѓани денеска повторно се собраа пред зградата на Основен суд Тетово за да дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Докторот е обвинет за кривично дело „непостапување по здравствени прописи“ или затоа што им одобрувал на роднини на болните да бидат со нив во болничките соби додека им трае хоспитализацијата.

-Дојдовме да дадете поддршка на докторот. Сметаме и цела јавноста знае дека не е виновен, дека треба некој друг да одговара. Докторот во целиот период за Ковид-19, знаеме што се направи за граѓаните на Тетово. Трчаше неуморно работеше и многу ми е криво што сега тука се суди невин човек. Правдата да ја бараме на друго место кај други луѓе, што ги донесоа теи бараки тука. Знаеме ние човекот кој и знае и јавноста кој е, да се осуди тој што ги прати овдека тие бараки. Дојдени за целосна поддршка да не се суди овој човек зошти е невин 100 отсто, истакна жител на Тетово.

И негова сограѓанка рече дека сите што редовно доаѓаат пред секое судење и даваат целосна поддршка за докторот за кого сметаат дека совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста за време на пандемијата со Ковид-19.

-Причината за овој собир е целосна поддршка за доктор Боби. Бидејќи сите знаеме кој е тој доктор кој што спасил многу животи, баш за време на најголемата криза, тој беше достапен за пациентите 24 часа и сметаме дека е неправедно обвинет. Вината треба да се бара кај некој друг, а не кај овој доктор што спаси животи на многу пациенти. Не може болница ако е исправна за толку кратко време целосно да изгори. Ако немало присутни од семејствата на починатите што изгореле таму, тогаш би изгореле сите пациенти што биле во болницата. Благодарение на присутните од семејствата не починале сите. Вината не е кај докторот, треба да се бара на вистинското место. Го направија како жртвено јагне. Ова по мое излегува да се оправдаат на семејствата на настраданите, еве ја започнававме ние судската постапка, истакна ученичка во мирниот граѓански протест во изјава за медиумите.

За пожарот во модуларната болница покрај д-р Вучевски обвинети се двајцата тогашни директори Флорин Бесими и Артан Етеми и Клиничка болница како правно лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy