Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВ. ИЛАРИОН ВЕЛИКИ: Чудотворец кој беше почитуван и од христијаните и од незнабошците
Македонија

СВ. ИЛАРИОН ВЕЛИКИ: Чудотворец кој беше почитуван и од христијаните и од незнабошците

03/11/2023

AA

(Денеска е 21 октомври според стар стил, се слави Преподобен Иларион Велики. Именден е на Иларион, Веселин, Весела…)

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска.

Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа.

Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети свети Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа.

Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина свети Иларион стана она што за Египет беше свети Антониј.

Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабошците. Плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога.

Така се населуваше и извесно време живееше во Египет, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години.

Неговиот ученик Исихиј чудотворните мошти на свети Иларион ги пренесе во Палестина и ги положи во манастирот што го основаше тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy