Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Суспендиран увозот на украинско жито најмалку до јули
Македонија

Суспендиран увозот на украинско жито најмалку до јули

09/04/2023

AA

Украинското жито ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“, изјави денеска полскиот заменик министер за земјоделство, Јануш Ковалски.

Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.

– Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.

Полските земјоделци протестираа против големиот прилив на украинско жито бидејќи го сметаат за закана за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“.

Евтиното украинско жито го преплави пазарот на ЕУ од почетокот на рускиот напад, а со помош на ЕУ се избегнати царините и увозните квоти со цел украинскиот земјоделски сектор да се одржи функционален.

Ниските цени на житото беа примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. Несогласувањето меѓу двете земји беше решено за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на Полска на 5 април.

– Разговаравме за прашања кои се однесуваат на полските и украинските фармери. Најдовме решение, рече тогаш Зеленски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy