Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Суштината и неопходноста на Филхармонија е во конкретната намена за симфониски оркестар
Македонија

Суштината и неопходноста на Филхармонија е во конкретната намена за симфониски оркестар

13/04/2023

AA

Филхармонијата својата реализација и основање ја има во формирањето на првиот и единствен симфониски оркестар во 1944 година, само 11 дена по ослободувањето на Скопје со што можеби е најстарата македонска национална институција. Оттогаш, па се до денес, во скоро осум децении постоење, Филхармонија како прва национална музичка институција стана главен носител на музичкиот живот во земјата и амбасадор на македонската уметност во светот.

И денес, 79 години од основањето дали знаеме што претставува Филхармонија, зграда, институција или неопходна музичка и уметничка димензија на градот. Што е суштината на Филхармонија, дали е тоа објектот или оркестарот?


Филхармонија е првиот и единствен симфониски оркестар во државата, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Оркестарот брои над 100 музичари, сите професионални инструменталисти со завршен Факултет за музичка уметност. Покрај музичарите, тука е и административниот и техничкиот персонал, кој, исто така со логистика ја поддржува работата на филхармонија.

Се изведува богата програма составена од комплексни и нови, современи дела, кои се предизвик и за светските симфониски оркестри. Маестралните изведби на оркестарот на филхармонија создаваат незаборавни концертни мигови со широк репертоар од светската класична музичка литература. Еднакво се изведувани и светски премиери од современи автори, а притоа се оживувале и делата на македонските музички творци.


Симфониски, камерни концерти, детски симфониски, детски камерни, музички работилници, семинари, мастер класи, гостувања на странски оркестри кај нас, се секојдневие во Филхармонија. Создаден е инвентивен и креативен репертоар што е во баланс со традиционалните музички вредности и токму тоа ја привлекува публиката, особено новите генерации слушатели.

Зад диригентскиот пулт, со оркестарот на Македонската филхармонија застанале врвни диригентски имиња, започнувајќи од основачите па се до маестри од светски ранг. На филхармонискиот подиум како солисти гостувале реномирани вокални и инструментилни уметници.


Во последните години, Филхармонија откако ја доби зградата според стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира простор наменет за симфониски оркестар, изгради свој специфичен имиџ по кој стана препознатлива како институција не само во национални рамки, туку и многу пошироко, во регионот и во Европа.

Тука пак е одговорот на прашањето од каде произлегуваат сите овие вредности на Филхармонија и што е суштината, дали зградата или институцијата и како функционира досега. Зградата, условите што ги нуди и намената исклучиво за симфониски оркестар заедно со изведбите на оркестарот, тоа е таа симбиоза на музичко и културно совршенство.

Или пак, како што вели и поранешната директорка на филхармонија и поранешна министерка за култура, Ганка Цветанова во нејзината јавна објава на социјалниот профил.

„Имено, иако досега многу пати сум била прашана за мислење во врска со проектот Скопје 2014, никогаш не сум сакала да дадам коментар, не затоа што немам изграден став, туку од само за мене познати причини. Но ако ме прашате да издвојам барем еден проект, без двоумење ќе кажам дека е тоа салата на Македонската филхармонија. Прво затоа што по цели 73 години од своето постоење, овој исклучително престижен но и единствен национален симфониски оркестар, во 2017 година конечно заслужено го доби својот дом. Второ, затоа што салата е изградена според сите светски и естетски стандарди во архитектурата и градежништвото. И трето, но можеби најзначајно, затоа што оваа сала е проектирана и изградена според потребите на музичкиот ансамбл, административниот и техничкиот персонал на Македонската филхармонија“, пишува Цветанова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy