Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Support Kocani: До денес, над 600.000 евра се префрлени директно на сметките на семејствата!
Македонија

Support Kocani: До денес, над 600.000 евра се префрлени директно на сметките на семејствата!

06/06/2025

AA

Иницијативата SupportKocani, која беше активирана веднаш по трагичниот настан што го погоди Кочани, денес го објави својот транспарентен извештај за реализацијата на донациите заклучно со 5 јуни 2025 година.

До денес, над 600.000 евра се префрлени директно на сметките на семејствата кои претрпеа најголеми загуби. Оваа бројка не е само финансиски податок – таа е симбол на заедништво, сочувство и солидарност.

Поддршката не застана тука, покрај директните донации, граѓани, компании и организации се вклучија и со дополнителна помош:

Над 2 милиони денари се собраа преку индивидуални донации.

Општата болница во Кочани доби дополнителна поддршка од 2.671.116 денари, со што значително се подобрија условите за третман на повредените.

Но, вистинската сила на оваа иницијатива се гледа и преку конкретната опрема и помош што беше обезбедена:

Донирана е хипербарична комора – клучна за лекување на тешки повреди. Инсталирани се 10 клима уреди во болницата. Создадена е целосно опремена просторија за физикална терапија. Обезбедени се над 400 специјални лепенки за третман на изгореници. Доставени се над 500 медицински артикли, вклучувајќи лекови, креми и помагала. Повредените добија 113 ваучери за онлајн шопинг со вкупна вредност од 20.000 евра.

И покрај до сега постигнатото, помошта продолжува, а работата на SupportKocani не завршува тука. Во тек е реализација на неколку значајни проекти. Во соработка со А1 Македонија, се развива Младински центар „Супортко“ во Кочани – простор за психосоцијална поддршка, едукација и рехабилитација.

Дополнително, се очекува исплата на 1.500.000 денари собрани преку хуманитарната аукција и изложба на Домот на култура „Бели Мугри“ и 600.000 денари од хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска, кој обедини публика од целиот регион.

„Ова не се само бројки. Тоа се допири на надеж, потсетници дека не сме сами и дека кога сме обединети, можеме многу. Ви благодариме што ја покажавте хуманоста – не со зборови, туку со дела,“ велат од тимот на SupportKocani.

SupportKocani како инцијатива останува отворена и посветена на транспарентност во секој чекор, соработка со институции, компании и граѓани и најважно – континуирана грижа за засегнатите семејства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy