
Супер-Влаховиќ го држи Јувентус на два бода од Интер (ВИДЕО)
Со овој триумф, „бјанконерите“ останаа на чекор од лидерот Интер, односно на два бода негатива и ја остварија четвртата победа во низа во италијанското првенство. Влаховиќ постигна два спектакуларни гола во првото полувреме, а во финишот од мечот, Киеза го постави конечниот резултат на мечот во Торино. Србинот сега има вкупно девет гола и пред него се само Оливие Жиру со десет и Лаутаро Мартинез со 18.
Денешната победа е највисока на Јувентус на домашен терен оваа сезона, а идентичен триумф оствари на гостувањето кај Удинезе во првото коло.
