
Судството неажурно во првиот квартал од 2025 – решени помалку предмети од примени
Судскиот совет на својата 524-та седница констатира дека судството не било доволно ажурно во првите три месеци од 2025 година. Во извештајот беше наведено дека се решени 137.725 предмети, иако судовите имале вкупно 282.470 случаи во работа.
Како главни причини за заостанувањето беа посочени празниците во јануари, пренесувањето на предмети од 2024 година, но и хроничниот недостаток на судии и стручни кадри. Дополнително, Министерството за финансии сè уште не дало зелено светло за нови вработувања на записничари и соработници, што дополнително ја забавува работата.
„Сè уште немаме финансиска независност и затоа мора да бидеме погласни. Испративме бројни ургенции, но засега без успех“, изјави претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.
Извештајот беше усвоен и наскоро ќе биде објавен за јавноста.