Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле применувани без индикација
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле применувани без индикација

13/02/2026

AA

Судскиот процес за случајот „Онкологија“ продолжи и денеска во Скопски кривичен суд, кој ја привлече вниманието на јавноста поради откриените злоупотреби и несовесно лекување на пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Во текот на денешното рочиште сведочеа вештаци – доктори од Словенија, ангажирани од Обвинителството, кои претходно изнесоа алармантни сознанија за неправилности во третманот на пациентите. Тие посочија дека кај дел од пациентите биле користени скапи биолошки терапии без јасна медицинска индикација и без соодветна документација во историјата на болеста. Некои од тие лекови дури можеле да делуваат контрапродуктивно.

Вештаците исто така сведочеа дека во повеќе случаи недостасувале конзилијарни одлуки и писмени траги за промените на терапијата, што според нив претставува сериозно отстапување од стандардните онколошки протоколи. Одбраната, пак, тврди дека сè било правено според македонските протоколи.

Обвинението ги товари поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, и докторите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за „тешки дела против здравјето на луѓето“ и несовесно лекување на околу 29 пациенти во периодот 2018–2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Собранието во среда ќе ги разгледа оставките на Бислимовски и

13/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ И БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА, НО И ПИЈАНИ

13/02/2026
Македонија

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање

13/02/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле

13/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО

13/02/2026
Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор

13/02/2026
Македонија

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41428
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Собранието во среда ќе ги разгледа оставките на Бислимовски и Ристовска

13/02/2026

Собранието на Република Македонија, на својата пленарна седница закажана за среда, 18 февруари, се очекува да ги потврди оставките на претседателот

ВОЗЕЛЕ И БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА, НО И ПИЈАНИ Приведени 10 возачи, полицијата им

13/02/2026

Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе десет возачи на различни локации низ државата, поради сериозни прекршувања на сообраќајните правила.

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во

13/02/2026

Судскиот процес за четворица турски државјани, обвинети дека во мај минатата година му помогнале на Кадир Кара, кој во кафуле

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy