Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судијата кој сам со пречкртување си ги поправал оцените, денеска пресуди само 2 години затвор за прегазената девојка во Тетово
Македонија

Судијата кој сам со пречкртување си ги поправал оцените, денеска пресуди само 2 години затвор за прегазената девојка во Тетово

07/04/2025

AA

Во Основниот суд во Тетово, денеска беше изречена пресуда која предизвика револт кај јавноста – за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години затвор. Случајот веднаш предизвика бројни реакции, особено поради фактот дека станува збор за сообраќајна несреќа со трагични последици.

Дополнителни сомнежи во интегритетот на судијата се појавија откако јавноста потсети дека Ферати додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправал оцените со пречкртување – постапка која остава простор за сериозни прашања за неговата професионалност и кредибилитет.

Минатата година во септември беше отворена и предистрага откако Државниот просветен инспекторат утврди дека си ги поправил оценките по право на Тетовскиот државен универзитет, со пречкртување. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство.

„ОЈО Скопје постапува по доставено известување од Државниот просветен инспекторат и презема дејствија во предистражна постапка со цел да ги испита сите околности“, рече тогаш Обвинителството.

Случајот го откри Антикорупциската комисија лани во декември, во рамки на големата ревизија со која се пребројуваа факултети и дипломирани студенти на кои им биле давани дипломи со недоволен број кредити.

Јавноста бара објаснување за оваа пресуда, како и одговорност од институциите кои треба да гарантираат еднаквост пред законот.

Ова е првостепена пресуда и против неа странките имаат право на жалба до Апелациониот суд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy