Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судијата Ферати „чист“ пред Обвинителството – оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите
Македонија

Судијата Ферати „чист“ пред Обвинителството – оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите

08/04/2025

AA

Судијата Ељведин Ферати од Тетово нема да биде гонет од Обвинителството, бидејќи обвинителите утврдиле дека оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите. Откако добил повисоки оценки, можел и да се пријави на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради ова, Обвинителството констатира дека Ферати не сторил никакво прекршување на закон.

„По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители. Ваквата информација на 31.01.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 година. Имајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.03.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој, се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.

Тогаш беше посочено дека кога Државниот инспекторат влегол во Тетовскиот универзитет, во матичната книга, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкетување, а истите биле поправени со повисоки.

По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага. Скопското Обвинителство за „СДК“ тогаш изјави дека постапува и презема дејствија за да ги испита овие тврдења.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy