Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 4 октомври
Македонија

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 4 октомври

19/09/2023

AA

На барање од Јавното обвинителство, во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

На денешното рочиште судијата Илија Трпков информирал дека до судот пристигнал поднесок од Јавното обвинителство во врска со измените на Кривичниот законик, кои влијаеле на правната квалификација на кривичните дела и на обвинителниот акт.

– Имајќи ги предвид одредбите од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, односно правните прашања кои произлегуваат од истиот и нивното влијание на правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите додека се донесе соодветна јавнообвинителска одлука, барам да се одложи закажаната расправа, стои во поднесокот од Обвинителството.

По што судијата го насрочил следното рочиште за 4 октомври, оставајќи простор на Јавното обвинителство да прецизира и да се осврне на правната квалификација.

Со новите измени во Кривичниот законик, со кои беа намалени казните за кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ „злосторничко здружување“, се отвори можност за застарување на некои од кривичните дела за кои се гонат обвинети во предметите кои ги отвори поранешното Специјално обвинителство, меѓу кои и во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се суди по втор пат откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда.

Во првичната пресуда за нелегалното масовно прислушување, обвинетите добија затворска казна вкупно од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. По 15 години добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години им беа изречени на Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова.

Според првичниот обвинителен акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Судскиот процес од првичната постапка започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушаа 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и над 200 оштетени лица.

Апелациониот суд во декември минатата година ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy