Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето против министерот Османи за навреда и клевета одложено за 26 декември
Македонија

Судењето против министерот Османи за навреда и клевета одложено за 26 декември

15/09/2023

AA

Во Основниот граѓански суд Скопје денеска се одложи судењето по тужбите за навреда и клевета поднесени против министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), Бил Николов, и ММДЧП како организација.

Судењето беше одложено бидејќи министерот Османи бил на службен пат за што неговиот адвокат достави информација до судот непосредно пред почетокот на рочиштето.

Според тужителот, кон денешното барање на одбраната не биле доставени докази за оправдано отсуство.

– Кон барањето не беа доставени докази за оправдано отсуство. Како и да е, навистина секогаш има причини, некакви состаноци. Меѓутоа, министерот некогаш треба да одбере и таму да одложи и да дојде на ова судење. Доколку не сака, одбраната има можност да инсистира да се одржи судењето без негово присуство и да се цени фактот дека го развлекува судењето и одбива да дојде на суд, а судот нека ги мери фактите, изјави адвокатот Трајче Торов, кој посочи дека во меѓувреме не е стигнато извинувањето од министерот.

На 27 јануари годинава претседателот на ММДЧП, Бил Николов, поднесе тужба за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи, министер за надворешни работи во Република Северна Македонија и против редакцијата на порталот 360 степени.

Според ММДЧП, на 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за нив и за Николов. Оттаму велат дека во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, Османи „изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења“. Дополнуваат дека министерот овие изјави против ММДЧП и Бил Николов ги изнел и за време на неговата прес-конференција на 11 ноември 2022 година.

Процесот го води судијката Јехона Садику. Судењето продолжува на 26 декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy