
Субвенции во лозарството
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани имаат право на 12.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 0,2 хектара, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2023 година.
Лозарите кои се корисници на субвенциите за одржување на насадите имаат право и на дополнителни директни плаќања за остварено производство на грозје од 28.000, односно 48.000 денари доколку го произвеле и продале винското грозје со договор на регистриран производител на вино најдоцна до 30 април 24 со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена не пониска од 35 денари.
Субвенцијата по двете основи се намалува со зголемување на пријавените површини. Од 0,2 до 10 хектари субвенцијата е 100 проценти, од 10 до 30 е 60 и над 30 хектари е 30 проценти збирно за сите сорти.
Пари добиваат и регистрираните производители на сертифициран саден материјал, и тоа од 30 до 35 денари во зависност од категоријата на сертификацијата.