Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Студирајте во Македонија, добијте диплома од Германија, Heidelberg Faculty of Skopje прераснува во високообразовна институција
Македонија

Студирајте во Македонија, добијте диплома од Германија, Heidelberg Faculty of Skopje прераснува во високообразовна институција

03/05/2024

AA

Високо образование според германски студиски програми и диплома од престижни германски Универзитет сега се можни и со студирање во Скопје.

По повеќегодишно функционирање како едукативна установа преку спроведување на академии, курсеви и обуки, Heidelberg Faculty of Skopje прераснува во акредитирана високообразовна институција откако од Министерството за образование и наука ги доби сите решенија неопходни за отпочнување на работа и објава на првиот конкурс за прием на студенти.

Согласно студиската програма ќе биде објавен Конкурс за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), и тоа:
– Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти)
– Податоци и компјутерски науки (30 студенти).

„Долго работевме на реализација на тоа да го донесеме германскиот начин на образование во Македонија и затоа сме особено горди и задоволни што можеме да објавиме дека по завршување на сите процедури неопходни за акредитација на Heidelberg Faculty of Skopje како високо образовна институција за скоро ќе можеме да ги примиме и нашите први студенти. Ова е за прв пат во земјите од Западен Балкан да се студира на германски (ЕУ) студии, кои, од Универзитетот од С.Р. Германија се директно признаени во 75% од целата настава (или 135 ЕКТС) во Скопје. Остатокот од 25% ќе се работи во 6-тиот семестар со изработка на дипломска работа и завршна проектна задача (во Германија на нашите Универзитети). Со тоа, младите од регионот на Западен Балкан ќе можат да се стекнат со диплома за завршено високо образование во С.Р. Германија, но по трошоци за студирање како во македонскиот образовен систем“, велат во заедничката изјава претседателот на управата во Германија, проф. д-р Улрик Цајтел и проф. д-р Синиша Наумоски, претставник во Македонија на Heidelberg Faculty of Skopje.

Во рамки на Heidelberg Faculty of Skopje од сега натаму, ќе функционираат Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Хајделберг Институтот за бизнис и менаџмент кои обезбедуваат стручни обуки во област на банкарството, финансии, контролинг, проект менаџмент и повеќе насоки од областа на информатичките технологии.

Oд 2018 година Institute for Bussines and management Heidelberg Faculty of Skopje има акредитирано 4 академски програми за магистерски студии и тоа:

• МБА во финансии и контролинг (60 ЕКТС)
• МБА во финансии и контролинг (120 ЕКТС)
• Управување со деловни податоци и деловна информатика (60 ЕКТС)
• Управување со деловни податоци и деловна информатика (120 ЕКТС)

Во изминативе години повеќе од 1000 успешно ги завршија обуките кои ги спроведуваше Heidelberg Faculty of Skopje, преку првата македонска банкарска академија АБИТ и Хајделберг Институт во Скопје под менторство во предавачи со богато работно искуство, стручно подготвени наставни програми и секој од нив успешно напредуваше во своите професионални кариери благодарение на знаењата и вештините стекнати на Heidelberg Faculty of Skopje.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy