Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Студија: Сексуално преносливите инфекции во пораст во Европа
Македонија

Студија: Сексуално преносливите инфекции во пораст во Европа

08/03/2024

AA

Сексуално преносливите инфекции се зголемија низ Европа во 2022 година, при што регистрираните случаи на гонореја скокнаа за речиси половина. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на најновите податоци објавени од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Податоците покажаа дека случаите на сифилис се зголемиле за 34 отсто од претходната година на повеќе од 35.000, а случаите со кламидија се зголемиле за 16 отсто на повеќе од 216.000.

Случаите со гонореја скокнале за 48 проценти на над 70.000.

„Фигурите прикажуваат остра слика на која и треба наше итно внимание и акција“, рече директорот на ECDC, д-р Андреа Амон на прес-конференција за податоците.

Нелекуваните сексуално преносливи болести може да доведат до низа здравствени проблеми, вклучувајќи хронична болка, неплодност, а во случај на сифилис, невролошки и кардиоваскуларни компликации.

Зголемени се и случаите на лимфогранулом венерум и вроден сифилис, при кој инфекцијата се пренесува од мајка на фетус, информираат од центарот.

Според ЕЦДЦ, меѓу причините за постојаниот пораст на случаите е зголемувањето на поризичното сексуално однесување.

Зголемувањето на инфекциите кај младите хетеросексуалци, според последните податоци, а особено кај младите жени, може да се должи на промената во сексуалното однесување од пандемијата.

Според д-р Андреа Амон, земјите во Европа треба да се фокусираат на напорите за тестирање, лекување и превенција, а луѓето треба да преземат мерки за да се заштитат – особено со користење на заштитна опрема.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy