
Студентски совет: Да го вратиме стариот метод на субвенциониран оброк
Студентскиот Совет при Универзитетот “Мајка Тереза” Скопје преку соопштение до медиумите бараат да се врати стариот метод на субвенциониран оброк.
„Ние имаме обширно искуство во разбирањето на прашањата на студентите и веруваме дека настанала ситуација бара суштински промени. Моменталниот начин на субвенционирање е многу ограничен и несоодветен за реалноста во која се наоѓаат нашите студенти. Овој систем се гледа како смешен чин од наша страна, бидејќи не успева да ги задоволи секодневните потреби на студентите во околина со висок инфлационен притисок.
Понудената сума од 140 денари е недоволна за осигурување на основната исхрана и задоволство на нашите студенти.
Ние бараме од Министерството за Образование и Наука во РСМ да го рецензира моменталниот закон и да се врати на претходниот начин на користење на финансиската вредност за студентите. Исто така, е суштинска потреба да се зголеми сумата на субвенционирање во согласност со растот на инфлацијата и актуелните економски услови.
Се надеваме дека оваа барање ќе се земе сериозно во предвид и дека ќе најде благосклон решение кое ќе го олесни товарот на студентите и ќе помогне во обезбедувањето на подобро образование“, велат од Студентскиот Совет при Универзитетот “Мајка Тереза” – Скопје РСМ.
