Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Студентски отпор: Декан на факултет им се заканува на студенти…
Македонија

Студентски отпор: Декан на факултет им се заканува на студенти…

01/04/2023

AA

Од Студентски отпор јавуваат дека дел од студентите на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се соочуваат со закани, дека нема да добијат потпис на крајот од семестарот, од страна на деканот Ќиро Ивановски.

„Заканите се упатени кон студенти кои во текот на седмицава што измина не присуствувале на две визитинг предавања на проф. Д-р. Драгана Габриќ од Универзитетот во Загреб. Уште позапрепастувачки е тоа што овие предавања не биле задолжителни, што е напишано и на страната на факултетот.

Во новонастанатата ситуација, студенти кои биле редовни и ги посетувале вежбите и предавањата без изостаноци, сега се соочуваат со закана да не добијат потпис, а со тоа и да изгубат право да полагаат.

Студентите стравуваат дека неприсуството на незадолжителното предавање ќе има влијание покрај на предметот тематски „поврзан” со тоа предавање, дополнително со полагањето на сосема друг предмет кој никако не е поврзан со Деканот или предавањето со професорката од Загреб.

Студентски Отпор најостро ги осудува заканите испратени од Деканот до студентите. Бараме извинување за испратените закани за потписи по предметот за студентите кои биле редовни на наставата, кои и така им следуваат и за редовноста на вежбите.

Ги повикуваме ФСС на Стоматолошкиот Факултет и студентскиот Правобранител да реагираат затоа што во овој случај се прекршени студентските права. Од каде е тоа дискреционо право на Деканот да одлучува дека баш овие предавања се услов за потпис, кога самиот универзитет и факултет има свои правилници?“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45001
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy