Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има
Македонија

Мицкоски: Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има

01/04/2023

AA

Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има, дециден е одговорот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање во Штип, дали ВМРО ДПМНЕ е за бришење на 20 проценти на Албанците во Уставот, а кој е предлог на албанскиот политички блок.

Прашан за коментар за тезите на СДСМ и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ одма ќе прифати.

-Еве јас сум подготвен, ако тоа е формулата за успех, уште утре да ја почнеме процедурата да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе. Еве ако сакаат уште утре да ја отвориме Преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според Хрватскиот терк, но само да не се каат, па да не речат некои други етнички заедници, а не било така како што ни кажуваат. Ако сакаат според Преамбулата на хравтскиот Устав веднаш да, не знам дали ја прочитале, ја виделе или така на памет си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме. Таква уставна измена одма прифаќаме, вели Мицкоски.

Што се однесува за предлогот на министерот за правда за зголемување на бројот на изборните единици, од шест на осум, Мицкоски со коментар дека ова е уште еден циркус.

-Не знам дали овие луѓе се обидуваат кој од кој да бидат поголем комедијант или да бидат сериозни. Затоа што во неговата коалиција во Владата има политички партии, коишто излегоа на избори и бараат една изборна единица, дајте нека седнат во Владата, нека седнат и се договорот, што е заедничкиот став за да можеме да го коментираме, една ли, шест ли, осум ли, 18 ли. Навистина ги збунуваат граѓаните, навистина се несериозни. Јас знам дека се они обединети во криминалот, ама барем еднаш нека бидат во интерес на граѓаните, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45003
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy