Студентите го кренаа гласот: Над 28.000 подготвени на протест против хаосот во јавниот превоз
Над 28.000 студенти се подготвени да излезат на протест доколку градоначалничката Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) не најдат итно решение за кризата со јавниот превоз во Скопје. Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска испрати соопштение во кое ги истакна проблемите со кои се соочуваат студентите поради нередовниот превоз. […]