
Стружанец и се заканувал на помладата партнерка со која имал дете, и барал и пари!
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“.
На 04.01.2023, пријавениот се заканувал и барал пари на неговата поранешна 23-годишна партнерка, со која има вонбрачно дете.