Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Струга ТЛ е нов шампион на Македонија!
Спорт

Струга ТЛ е нов шампион на Македонија!

07/05/2023

AA

Осум години по формирањето, а после само четири во македонската Прва лига, Струга ТЛ дојде до историска прва шампионска титула, откако денеска стружани на домашен терен го сомлеа Силекс со 3-0, а Шкупи ја победи Шкендија со 2-1 во дербито на 31-то коло за математички да се осигура шампионската круна за најмладиот прволигаш.

Струга ја круниса извонредната сезона во која имаше историски девет од девет на стартот на сезоната, од прво коло е лидер и сега круна на целата сезона која ја почна Срѓан Захариевски, а ја завршува Шпетим Дуро е оваа шампионска титула. Стружани со денешната победа, како и триумфот на Шкупи против Шкендија дојде на недостижните седум бода пред чаирчани и осум пред Шкендија пред последните две кола во следните седум дена кои само формално ќе ги одиграат во две дербија против годинешните директни конкуренти.

Новиот македонски првак денеска можеше до врв да го наполни Силекс, посебно во првиот дел кога промашија еден куп зицери, пред Бесарт Ибраими да даде гол за водство на три минути пред паузата, а потоа Бунјамин Шабани три минути по стартот на вториот дел го дуплираше водството, за во 78-та со својот втор гол да стави печат на победата.

На Чаир, пак, поинаку тргна мечот од кој зависеше оваа титула денеска на Струга. Ералдо Чинари даде гол по 17 минути игра, па Сандеј Адетунџи израмни во 28-та, за Бојан Илиевски во 77-та да даде гол за предност. Но, Шкендија имаше шанса десет минути пред крајот да се врати во мечот и да се бори за победа за барем да ја одложи шампионската промоција на Струга, но Чинари промаши пенал откако Кристијан Наумовски извонредно му одбрани.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy